Тркалезна маса „Правото за бегалци и практиката“

Од:

Во Охрид денеска ќе почне дводневна тркалезна маса, на тема „Правото за бегалци и практиката“ (Криумчарење мигранти вклучително баратели на азил и безбедносна проверка на барателите на азил).

Организатори се Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) – Претставништво во Скопје.

Тркалезната маса е наменета за судиите од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти.

Со воведно обраќање тркалезната маса ќе ја отворат: судија Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Џемали Саити, судија на Врховен суд на Република Македонија, Мохамад Ариф, претставник на УНХЦР во Скопје и Маринко Кочовски, помошник-директор на Секторот за гранични работи и миграции во МВР.

Би можело да ве интересира

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он