Трипуновски: Слабиот менаџмент во АХВ и МЗШВ и нивната неспособност резултира со појава на птичји грип во Македонија

Од:

Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, вели дека АХВ и МЗШВ не менаџирале добро, па затоа се појавил птичји грип во Македонија.

„Поради неажурноста и неспособноста на власта, постојано сме на удар на разни зарази во сточарството во Македонија. Слабиот менаџмент и неспособноста на раководните лица во МЗШВ и АХВ придонесоа до појава на птичји грип во земјата.

Првите лабораториски анализи кои се направени на примероци на угинато животно во село Злокуќани покажуваат дека овој опасен вирус за птиците е присутен во Македонија.

Постои огромна опасност вирусот да се прошири, но и можност тој веќе да е проширен на цела територија на државата, со што ќе нанесе сериозен удар врз живинарството како една од сточарските гранки.

Станува збор за вирус, односно болест, која резултира со голема смртност кај живината.

Повикуваме АХВ наместо да куца бледи соопштенија и да се правда, да спроведе добра, брза и ефикасна епидемиолошка истрага на лице место за утврдување на вратата на инфекција, и брзо носење на рестриктивни мерки од страна на Агенцијата и нивна имплементација на терен, со цел ограничување на ширењето на вирусот, односно заштита на големите живинарски капацитети ширум државата.

Ширење на болеста ќе значи ставање клуч на сите капацитети од областа на живинарството, со што оваа доходовна гранка на сточарството во Македонија ќе згасне, а илјадници семејства да се доведат до работ на егзистенција“, вели Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал