Тринаесетгодишно момче прободено со остар предмет

Од:

Тринаесетгодишно момче од Скопје вчера физички било нападнато од 14-годишник при што се здобил со убодна рана од остар предмет.

Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски“ во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарка помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби