А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тринаесет лица се осомничени дека биле инволвирани во престрелка пред казино во Тетово

by А1он03/12/2018 - 12:20157
Share0

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

За двајца осомничени, кои при инцидентот користеле автоматско оружје кое на граѓаните им е забрането, поведена е истражна постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Едниот од овие двајца осомничени е во бегство и не е достапен на органите на прогонот.

За останатите осум пријавени лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во инцидентот ќе биде поведена скратена постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 30.11.2018 година, пред казино во Тетово, кога четворица осомничени вработени во агенција за обезбедување од една страна и останатите осомничени од друга страна дошле во конфликт заради изгубени пари во казиното во износ од 3.600 евра од еден од осомничените. Притоа со општоопасни средства – автоматски пушки и пиштоли, предизвикале значителна опасност по животот и телото на луѓето и тоа на место каде што биле собрани поголем број луѓе.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави Предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени за кои беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка. Од страна на судијата на претходна постапка ваквиот предлог беше прифатен и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена. За осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

crna hronikatetovo

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 11:4111/02/2026 - 12:48

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 07:56

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:08

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски22/12/2025 - 13:3922/12/2025 - 13:39

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен