Тримесечна обука за 30 млади пожарникари

Од:

Триесет кандидати вработени во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска го одржаа првиот час од обуката за образовниот профил – професионален пожарникар за која Град Скопје склучи договор со средното училиште „Марија Кири – Склодовска“, а со која ќе добијат Диплома за положен завршен испит во специјалистичкото образование.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој присуствуваше на часот појасни дека од Министерството за образование и наука, училиштето добило верификација за реализација на наставниот план и наставните програми во специјалистичкото образование.

– Се надевам дека сите вие коишто успешно ги поминавте психофизичките тестови успешно ќе ја завршите и оваа обука и ќе станете професионални пожарникари коишто ќе ги штитат човечките животи и материјалните добра на граѓаните, порача Трајановски.

Воспитно – образовниот процес ќе се одвива во посебна, специјализирана училница којашто е опремена со сите потребни наставни средства, помагала и нагледни средства (учебници, топографски карти и друго) коишто ќе се користат во текот на наставата. Наставата ќе опфати 720 наставни часови, во период од минимум три месеци, а ќе ја изведуваат наставници од училиштето, надворешни соработници, предавачи и лица од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски го најави и отворањето на два нови пункта на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во Цементарница и во Шуто Оризари.

Звонко Томески, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје истакна дека со нетрпение ги очекуваат новите колеги затоа што просечната старост на бригадата е 45 години.

За спроведување на оваа обука од Буџетот на Градот Скопје се издвоени еден милион денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски