Трилатерална средба „Краиште 2014“ во Кривопаланечки Голеш

Од:

Во Кривопаланечкото село Голема Црцорија, во месноста Голеш, на торомеѓето помеѓу Република Македонија, Србија и Бугарија денеска се одржа јубилејната 10-та трилатерална меѓународна средба „Краиште 2014“.

Традиционално средбата се одржува на големиот христијански празник Петровден, во организација на општините Крива Паланка, Босилеград и Ќустендил.

На средбата присуствуваа градоначалниците на трите погранични општини, како и голем број жители на овие градови, локално население и иселеници кои потекнуваат од овие краишта.

Средбата секоја година е збогатена со настапите на голем број фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва од трите општини кои ги презентираат богатата традиција, фолклклорот и културата на овие погранични региони преку сплетот на народните игри и ора.

Жителите на Крива Паланка, Ќустендил и Босилеград на овој ден можат да ја минуваат државната граница само со лични карти или патни исправи од 8 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски