Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Од:

Тригодишно дете вчера попладне без свест било донесено во ургентниот центар во гостиварската болница откако изело гумена бонбона по што почнало да се гуши.

На 29.03.2025 во 17.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете од Гостивар, информира СВР Тетово.

„Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив родителите изјавиле дека во домот детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.“, се вели во соопштението.

Од СВР Тетово наведуваат дека известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица