Триесетдневен притвор за тројца албански државјани за продажба на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца државјани на Албанија заради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик. На лицата им е одреден триесетдневен притвор.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство, лицата се осомничени дека во Република Албанија неовластено набавиле околу 38 килограми наркотична дрога марихуана, ја внеле во Македонија, ја препакувале во 36 најлонски пакувања и во две торби со возило ја донеле до нелегален граничен премин кон Грција во близина на селото Лажец. Еден од осомничените останал во возилото да чека, додека другите двајца се обиделе дрогата пеш да ја пренесат во Грција заради продажба. Сите тројца биле затекнати во извршување на делото во близина црквата во селото Лажец.

– Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежен јавен обвинител предложи определување мерка притвор за осомничените, а судија на претходна постапка на сите тројца осомничени им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец