Триесетдневен притвор за осомничениот за убиството во Добрашане

Од:

Кумановското Основно јавно обвинителство попладнево соопшти дека е прифатена мерката за 30-дневен притвор за осомничениот Д.Д. за убиство на Б.И. од Куманово, чие тело беше најдено во бунар во с. Добрашане.

Обвинителството денеска побара мерка притвор за осомниченото лице кое вчера беше приведено во полициска станица за убиството на 31-годишниот Б.И. од Куманово.

Во исто време побарано е и психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот во неговиот дом.

Телото на 31-годишниот Б.И. кој беше пријавен за исчезнат, е пронајдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во кумановско Доброшане. Случајот го пријавил 29-годишниот кумановец Ф.Д кој во полициска станица изјавил дека до бунарот видел стапала и траги од крв. По извршениот увид пронајдено е телото на Б.И. кој во пределот на лицето имал рана најверојатно направена од огнено оружје.

Телото на Б.И. е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски