Триесетдневен притвор за мажот што ја застрела сопругата во Мала Речица

Од:

Триесетдневен притвор му определил судија во претходна постапка при основниот суд во Тетово на А.К. (53) од Мала Речица како осомничен дека сторил три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Веднаш по определената мерка тој бил однесен за издржување на притворот во казнено поправната установа Скопје во Шуто Оризари информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

А.К. се товари дела делата за кои е осомничен ги извршил пред два дена во неделата во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица. Тогаш со огнено оружје пиштол што го поседувал без дозвола ја лишил од живот неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ. (50) од Мала Речица.

Потоа тој со своето возило избегал, но, вчера околу 18 часот бил пронајден и уапсен од полицијата во тетовското планинско село Гајре. При апсењето кај осомничениот биле пронајдени и одземени пиштол и ловечка пушка.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско