Триесетдневен притвор за дадилката која претепа дете во игротека

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против 59 годишната негувателка која вчера тепаше двегодишно дете во игротека, за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на негувателката, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и поради можност да го повтори делото.

Осомничената на 21 ноември, во игротека во угостителски објект, тепаше двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка.

За кривичното дело – Запуштање и малтретирање на дете, предвидена е казна затвор од една до десет години.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари