Триесетдневен притвор за 26-годишен прилепчанец кој предизвикал пожар во обложувалница во Прилеп​

Од:

Триесетдневен притвор за 26-годишен прилепчанец, кој во 01,00 часот вчера предизвикал пожар во обложувалница во Прилеп, полевајќи ја внатрешноста со бензин, кој потоа го запалил со кибрит. Со пожарот предизвикал поголема имотна штета во висина од 1.000.000 денари.

Основното јавно обвинителство Прилеп, врз основа на поднесена кривична пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против прилепчанецот поради сомнение дека сторил кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност.

Осомничениот купил 1,5 литар бензин од бензиска станица, и го ставил во пластично шише, па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал вчера околу 01,00 часот. Тој се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол два поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата. Прилепчанецот влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот да го истура, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата. Додека бил во внатрешноста, со кибритот којшто го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.

Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси возило отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, кој предлог беше прифатен од Судот и со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес