Триесет тони смет собран во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода во акцијата за расчистување на тревните површини, парковите и улиците на својата територија досега собра околу 30 тони смет.

Со оваа акција која продолжи да се одвива и оваа работна недела, беше извршено расчистување на сметот и во месните заедници Припор и Пинтија, каде беше собран околу 4 тони смет. Денеска оваа акција во тек е и во УЗ „Бирарија“.

Со акцијата за расчистување, која започна да се одвива од почетокот на овој месец па се досега, беше извршено целосно расчистување на отпадот во повеќето урбани и месни заедници на територијата на Општина Кисела Вода.

За успешно спроведување на овие акции за расчистување на отпадоците, локалната самоуправа преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ги вклучи своите сезонски работници. Во истата беше вклучен и еден камион.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со секојдневни активности за расчистување на својата територија преку кои ќе дава придонес за почиста и поздрава животна средина. Воедно, локалната самоуправа повторно апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за Јавна чистота.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ