Непознато лице синоќа со закана со пиштол од вработените во спортска обложувалница лоцирана во Трговскиот центар „Лептокарија“ одзелo околу 30.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Кражбата е пријавена во полиција во 21,15 часот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.