Триесет и девет нови стипендии доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Од:

Триесет и девет нови стипендии традиционално и годинава доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“ од кои 18 за студенти на Фармацевтскиот факултетот и 21 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје за учебната 2017/2018 година.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци.

Претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје, Живко Мукаетов денеска на прес-конференција рече дека заклучно со овие стипендии досега Фондацијата има стипендирано 418 студенти од кои 159 ги завршиле студиите по фармација, а 129 ги завршиле студиите по медицина. Посочи дека заклучно со денеска 63 од дипломираните студенти веќе работат во компанијата „Алкалоид.

– Тоа за мене претставува една посебна гордост, затоа што тоа е еден континуитет од помагање на нивното студирање, па до денешен нивен придонес во работењето на компанијата. За мене е многу важно што ние потврдуваме дека сме компанија која е општествено одговорна, се грижи за развојот на општеството, се труди да биде една додадена вредност и да помогне секаде онаму каде што може, додаде Мукаетов.

Нагласи дека годинава првенци на генерација кои ќе добијат еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност се Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот факултет со просек 9,75, и Невенка Ридова од Медицинскиот факултет со просек 9,76.

Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски истакна дека наградувањето секогаш претставува еден важен стимул за оние кои го добиваат и има влијание врз квалитетот на едукацијата, која претставува многу важен чекор во образованието на студентите.

– Оваа програма за доделување стипендии на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет е една значајна хумана мисија која многу придонесува за развојот на здравствениот систем во Република Македонија. Секогаш добро едуцираните и стручни кадри од областа на медицината и фармацијата претставуваат една непроценлива вредност и значење за развојот на здравствениот систем, додаде Јанкуловски.

Додаде дека денешниот настан претставува еден голем придонес во развојот на здравствениот систем, бидејќи младите таленти имаат голема улога во неговото зачувување, унапредување и иднина.

Деканот на Фармацевтскиот факултет, Светлана Кулеванова рече дека годинава на Фармацевтскиот факултет 22 студенти поднеле документи од кои четворица не исполниле услови по конкурсот, а 18 ги исполниле. Посочи дека од нив 13 се студенти кои редовно запишале трета година и пет кои редовно запишале четврта година.

Деканот на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска рече дека годинава нивната Комисија за распределба на стипендии селектирала 13 студенти од трета година и осум студенти од четврта година.

– Убедена сум дека стипендиите се во вистинските раце, дека тие ќе претставуваат дополнителен мотив за овие студенти да постигнуваат уште поголеми резултати, а се надевам дека дел од стипендистите на оваа Фондација ќе имаа можност да ја започнат својата професионална кариера токму во „Алкалоид“ и да го дадат својот придонес, додаде Топузовска.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје. Фондацијата, чиј основач е самата компанија, има за цел стипендирање, донирање и финансирање на талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки