Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна

Од:

Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола.

Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот на оздравени е 268. За жал, билансот на починати лица останува ист, односно и вчера се регистрирани пет починати лица.

И натаму, најголем број од заболените се од Скопје, а главниот град е лидер и во бројот на активни случаи.

Според првиот човек во здравството, ситуацијата е стабилна бидејќи подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а со тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Филипче вчера нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија. Болниците, како што посочи тој, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува со редовно работење да почне ГОБ „8 Септември“.

Здравствените власти уверуваат дека е направен план и за есенскиот бран којшто се очекува. Целта е да се дополнат капацитетите во сите општи и клинички болници низ државата за да се направат мини инфективни одделенија по примерот на модуларната болница во Скопје и тие да бидат одвоени од болниците во кои ќе се третираат пациентите со вообичаена патологија.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции со што ќе се зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19.

Тоа, како што појасни Караџовски, би значело да се прават уште 200 до 300 брисеви дневно со што би се зголемила бројката на дневно направени брисеви, односно од 1.500 дневно би можело до крајот на календарската година да се прават и до 2.000 тестови дневно.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани 10503 заболени од Ковид-19. Бројката на оздравени пациенти е 5931, а на починати е 476. Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска