Трибини: Македонија после „Груевизмот“ – Либерални решенија

Од:

„Либерално-демократската партија од денеска почнува со серијата трибини низ државата, покривајќи ги клучните области кои се однесуваат на проблемите на граѓаните и изнаоѓање на решенија за истите.

На првата трибина, која ќе се одржи денес во Домот на хуманитарни работници “Даре Џамбаз“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот, граѓаните ќе разменуваат мислења со говорниците и заеднички, ќе се дискутира за решенијата, понудени од страна на Либерално-демократската партија.

Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана, ќе има дискусија во областа на економијата, Проф. Д-р Никола Пановски ќе се обрати на присутните и ќе размени мислења во врска со здравството и здравствениот систем во Р. Македонија. Адвокатот и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, г-дин Драган Малиновски, ќе го опфати правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата, додека Никица Корубин ќе се посвети на делот на моменталната состојба со човековите права, а универзитетскиот професор, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина, ќе се осврне на состојбата со образованието, образовниот систем, како и екологијата и заштитата на животната средина. Завршен збор на трибината, како и осврт на моменталните политички случувања, ќе има претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Ова е прва од серијата трибини на Либерално-демократската партија, кои ќе имаат за цел да ги доближат граѓаните до ЛДП, раководството подетално да се запознае со проблемите кои ги имаат и да се презентираат програмските решенија за истите, во очи на предвремените парламентарни избори, закажани за 24-ти април, 2016-та година“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство