Трибина за современиот систем на цивилна заштита

Од:

Научно-стручна трибина насловена „Современ систем на цивилната заштита” ќе се одржи денеска по повод 1 Март – Меѓународниот ден на цивилната заштита.

На трибината обраќање ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, деканот на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, Неџад Корајлиќ, и деканот на Факултетот за безбедност во Скопје, Никола Дујовски.

На трибината е предвидено да се одржат три панел-дискусиии – Цивилната заштита и образованието (регионални и современи искуства во инкорпорирање на цивилната заштита во образовниот систем), Намалување на ризиците од катастрофи и отпорност на заедниците кон катастрофи и Заштита на критична инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

Зголемени трошоците на живот во ноември

А1он

Раст од три проценти на македонската економија во третиот квартал

А1он

ДЗС спаси повредено лице пронајдено над селото Маловишта

А1он

ДЗС: Во некои од урбаните средини, интензитетот на попишување се зголемува

А1он

ДЗС: Попишувачите имаат специјални овластувања и брендирани маици со логото Попис 2021

А1он