Трибина за нацрт-текстот на законот за спречување корупција и судир на интереси

Од:

Трибина за нацрт текстот на Предлог на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси ќе се одржи денеска во организација на Транспарентност Македонија во соработка со Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Во рамки на трибината министерката за правда Рената Дескоска е најавено дека ќе изнесе кус осврт на Предлог-законот за спречување корупција.

Воведно излагање ќе има Ана Јанеска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија, а предвиден е и дијалог со политички партии за нивните очекувања за тоа што значи независно антикорупциско тело.

Трибината е дел од проектот „Вклученост“ на Платформата во набљудување и дебатирање на борба против корупцијата во Македонија, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

Проектот има цел да работи и соработува со институциите и јавноста во насока на измена и усвојување на нова регулатива којашто би била целосно усогласена со европските стандарди, како и со укажувањата во Извештајот за итните реформски приоритети и на оние од невладините организации за потребата од институционални промени

Целта на трибината е политичките партии да дадат свои коментари, сугестии и забелешки на нацрт текстот на Предлог на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи