Трибина „Скопје не сака токсичен чадор“

Од:

Компаните треба да издвојат еден отсто од профитот за редовно одржување на еколошките делови од опремата, односно еколошко прилагодување, смета претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

На денешната трибина „Скопје не сака токсичен чадор“ што се одржа во организација на ДОМ, Поповска посочи дека најголем дел од компаниите имаат позитивно работење и коректно е кон вработените еден отсто да се вложи во заштита на животната средина.

– Компаниите досега се повикуваа на финансиската криза која беше реална, но реално е дека имаа и позитивно работење. Доколку во одредена ситуација неможе да се испочитува одреден рок, ако вложувањата се поголеми има фондови за јакнење на еколошките капацитети во државата, а има и можност државата да понуди кредити, рече Поповска.

Според заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, мониторинг системот покажува дека најзагадени делови во Македонија во последно време се Скопје, Тетово и Битола, со просечно годишни загадувања кои ги надминуваат граничните вредности.

– Географската конфигурација е една од причините што во Скопје зимските месеци загадувањето ги надминува вредностите, покрај воздухот, има и на водата и почвата. Сите големи загадувачи имаат изречено казни, но тие се ниски затоа ги занемаруваат, но има и високи како кај Тораница, кога казната за загадување на Крива Река беше 100-200 илјади евра за компанијата и менаџерите, појасни Темелковски.

Државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет нагласи дека големите капацитети при своето работење испуштаат емисии во воздух, почва и вода и оти компаниите прават мерења, но и инспекторите тоа го следат и вршат вондредни мерења. Доколку инспекторите констатрираат поголеми загадувања се преземаат законски мерки.

– Железара согласно локацијата има повеќе индустриски капацитети. За „Макстил“ конкретно и во самата интегрирана еколошка дозвола, која е изготвена и треба уште да се потпише, кажува дека во рок од 30 минути во периодот на палење на печката поради огромната моќ дозволено е испуштање на емисии, меѓутоа потоа тие емисии стивнуваат и во тек на работењето треба да бидат во пропишаните вредности, рече Мемет.

Тој смета дека мора и општините преку своите општински инспектори да излегуваат на терен. Има околу 130 интегрирани еколошки дозволи со поголем капацитет, но тројно поголем е бројот на Б интегрирани дозволи, кои ги издаваат општините и се многу важни во заштитата на животната средина.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог