Трибина на СДСМ во Крива Паланка

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на трибина во Центарот за култура во Крива Паланка презентираше дел од својата предизборна програма насловена „СДСМ со граѓаните“.

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска рече дека програмата нуди мерки и решенија за сите целни групи граѓани,  пред сѐ за подобар живот на младите, финансиски мерки за стимулирање на домашните компании кои ќе отвораат нови работни места, повисоки плати и пензии, заштита на работниците,  одговорност кон возрасните.

– Ќе воведеме финансиска инјекција за домашните компании ако предвидуваат нови инвестиции и отвораат нови работни места  со цел да ги стимулираме да ги зголемат платите. Ги слушнавте нашите две гомеи пораки, ќе ја зголемиме минималната плата на 15.000 денари и минималната плата ќе изнесува 29.000 денари, рече Шекеринска.

Истакна дека партиската програма предвидува политика на намалување на казните за фимите според нивната големина, а, како што рече, најпрвин ќе се издава опомена, па потоа казна. – Нашата цел ќе биде Македонија со усогласен план да има три милијарди евра кои за десет години ќе бидат вложени во патишта, инфраструктура, водоводи, канализации, во македонската железница, во македонските села, зашто сакаме граѓаните да не ги напуштаат своите огништа ако не мораат, додаде Шекеринска.

Програмата, потенцира, се заснова на два столба, здравство и образование. Според неа, предвидено е укинување на екстерното тестирање, стипендии за најдобрите студенти, обнова бна студенстските домови и изградба на Студентски град во Скопје, сигурно место за студентите во сите години на студии, додека во здравството се предвидени ослободување од партиципација за болничко лекување за сите граѓани, двојно зголемување на платите на лекарите и минимална плата за лекарите-специјалисти од 100.000 денари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници