Трибина на ДОМ за економско јакнење на жените

Од:

Обезбедување баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на жените, озеленување на економијата и создавање нови зелени работни места и зголемување поддршка на жените при основање приватни фирми се дел од заклучоците од  трибината за „Економско јакнење на жените“ што денеска се одржа во организација на форумот на жени на ДОМ.

Жените учесници на дебатата побараа обезбедување баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на жените со флексибилно работно време по нивни избор, породилно отсуство од 12 месеци, зголемување на бројот на градинките особено во руралните средини, целодневна работа на градинките, отворање центри за грижа за возрасни лица во домашни услови во рамките на општините, бенефиции за фирмите кои превземаат активности со кои се овозможува баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на жените и отворање на нови зелени работни места.

При основање приватни фирми побараа и поголема поддршка преку даночни олеснувања, поволни кредитни линии, бесплатни едукации и консултантски услуги од областите на бизнис, менаџмент и маркетинг и други бенефиции за фирмите каде менаџерскиот тим е од женски состав или каде преку 50 проценти од вработените се жени.

Претседателката на Форумот на жени на ДОМ, Маја Морачанин информира дека во Македонија во основното и средното образование 48 отсто од учениците се жени, а 52 мажи, додека во високото образование 56 проценти се жени, а 44 мажи. Кога станува збор за пазарот на труд само 45 проценти и 69 од мажите се економски активни, што значи родовиот јаз е 24 отсто.

Економското јакнење  на жените, според претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, е главна основа за рамноправност.

– Државата треба да биде таа која треба да обезбеди рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот со посебни мерки и политики. Со тоа ќе се постигне независноста на жената и намалување на можностите од нејзино економско, социјално и општествено манипулирање, рече Поповска.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар