Трибина „Креирање заедничка визија за Шар Планина“

Од:

Претставници на невладини организации, институции и локално население од подшарпланинскиот регион, започнаа со дебати околу визијата и начините за одржливо користење на природните ресурси на Шар Планина.

На првата трибина на тема „Креирање заедничка визија за Шар Планина“ која се одржа во салата на Советот на општина Гостивар, учесниците изложија дел од проблемите со кои жителите на шест општини од регионот, Гостивар, Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње и Врапчиште се соочуваат.

– Идејата е да ги собереме сите чинители, невладин сектор, бизнисмените и сите оние кои ги користат ресурсите на Шар Планина како собирачи на плодови, сточари, ловџии. Токму од нив да ги слушнеме мислењата околу иднината за Шар Планина и да се креира заедничка визија за планината. Ние како „Платформа за Шара“, сме свесни за проблемите што се случуваат, но сакаме да го слушнеме гласот на чинителите во сите шест општини и на локалното население, каква е нивната визија и како сакаат да живеат во овој регион во иднина и тоа да биде во согласност со природата и одржливото користење на ресурсите на Шар Планина, Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Од платформата „Пријатели на Шара“ во која се здружени, Македонското еколошко друштво, планинарскиот клуб „Љуботен“, Институтот за развој на заедниците Тетово и Центарот за едукација и развој-Теарце, најавуваат дека наскоро ќе се формира и советодавно тело чија улога ќе биде да се создадат подбри услови за соработка.

– Покрај советодавното тело на ниво на регионот, чија улога би била пред сé, да ја алармира јавноста и да упатува пораки до одговорните институции со какви проблеми се соочува локалното население, наскоро ќе се формира и советодавно тело на прекугранично ниво. Тоа значи дека соодветни претставници од Косово, Албанија и Македонија ќе соработуваат на унпаредување на идното заштитено подрачје Шара-Кораб, вели Пандурска Драмиќанин.

До крајот на идниот месец, планирано е да се одржат и остатите пет дебати во општините од регионот.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски