Трибина „Креирање на заедничка визија за Шар Планина“

Од:

Трибина насловена „Креирање на заедничка визија за Шар Планина“ ќе се одржи денеска во ОУ Кирил Пејчиновиќ во општина Теарце.

Станува збор за петта од шесте трибини што се одржуваат во општините во регионот на Шар Планина, а се организира во рамки на проектните активности на платформата „Пријатели на Шара“ поддржани од ИПА – 2 механизмот и канцеларијата на ГИЗ – Скопје.

Според организаторот, целта на трибината е да се зборува за иднината на Шар Планина и заштитата на природата и да се креира „Заедничка визија за Шар Планина“. На трибината ќе бидат најавени и активности поврзани со креирање на советодавно тело за Шар Планина кое треба да биде составено од клучни заинтересирани страни од сите шест општини.

Освен претставници на општината, претставници од месните заедници, на трибината ќе учествуваат и претставници на граѓански здруженија и други чинители, како што се: собирачи на шумски плодови, сточари, ловџии, бизнис сектор и планинарски друштва од општина Теарце.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски