Три жртви во експлозијата во Богданци

Од:

Тројца работници починаа, а двајца се повредени во пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци, по експлозија во фабричките капацитети, потврдуваат од полицијата по првичниот увид.

Еден од вработените, кој се здобил со тешки изгореници и повреди е упатен на скопските клиники, а другиот е со полесни повреди во локалната болница.

Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а на терен се претставници на полицијата,  јавен обвинител и општинските власти.

Според првичните сознанија,  пожарот избувнал  изутрината во 08:50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемири локалното население.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он