Три угостителски објекти во Струга не ги почитувале протоколите за работа во услови на Ковид-19

Од:

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19.

Државниот пазарен инспекторат денеска до 16 часот поднел 5 кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на КОВИД -19 од кои 3 во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.

Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.

Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.

Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени 4 решенија и 3 укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.

Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните