• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Три пожари избувнале синоќа во Тетовско

by А1он25/08/2013 - 11:15132
Share0

Три пожари во кои е причинета поголема материјална штета избувнале вчера на три различни места во Тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Првиот се случил синоќа нешто пред 20 часот во плевна во Раотинце при што изгореле две крави, еден бик , две телиња и околу 200 бали јонџа сопственост на Ж.М.(49), како и 150 бали јонџа, 150 бали сено, еден трактор, 2 мешалки за бетон, една косилка за трева, а уште еден трактор бил оштетен сопственост на Х.М.(46). Пожарникарите целосно го локализирале пожарот околу 22 часот и 40 минути а при увидот извршен денеска претпладне од екипа на СВР Тетово материјалната штета се проценува на околу 16 илјади евра.

– Според првичните информации причина за пожарот е електричната инсталација но полицијата зела кабел за вештачење, рече Јосифовски.

Вториот пожар се случил околу 21 часот и 30 минути во дворот на А.С.(60) во Џепчиште при што изгореле околу 1.000 бали слама, една приколка за трактор по што оганот се проширил и кон куќата ошеттувајќи два прозорци на катот, а во една просторија според пријавата на сопственикот изгореле и околу 100 сандаци со пчели. Материјалната штета се проценува на околу 4.000 евра.

Третиот пожар се случил во градското подрачје во тетовската населба Блок 17 зграда број 16 каде изгореле 33 струјомери најверојатно од преголем напон. Случајот го пријавил А.Т.(48). Увид извршиле екипи на полицијата и ЕВН и се работи на откривање на точните причини и проценка на штетата кој ќе биде голема бидејќи еден струјомер чини од 70 до 100 евра во зависнот од видот.

pozartetovo

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он24/01/2026 - 08:52

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он08/01/2026 - 16:4508/01/2026 - 17:56

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:08

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен