Три политички партии потпишаа Декларација за развој на Попова Шапка

Од:

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ ги повика политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар во близина на Тетово.

Од иницијативата сметаат дека оваа обврзувачка декларација е надеж и документ со кој партиите се заложуваат за развој на Попова Шапка.

-Нашите барања се одземање на сите компетенции на АД ЕЛЕМ Турс и да се пренесат на општина Тетово на локално ниво. Краткорочни барања се анализа на непрофесионално управување и менаџирање со досегашното раководство со ски-центар Попова Шапка, инфраструктурни инвестици во рекреативниот центар и викенд-населбата, отстранување на дивоградби и нелегални објекти и воведување на ДУП. Долгорочните барања се отворање на можности за давање и управување на менаџирање на центарот на приватни инвеститори, инсталација на систем за вештачки снег, прошрување на центарот на север кон Јелак и над Боговињско бачило, да се изгради жичара Тетово-Попова Шапка, истакна Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Иницијативата ја потпишаа ДПА, ДУИ и Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата