Три политички партии досега доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК

Од:

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска кандидатски листи доставиле три политички партии. Рокот за доставување листи за претстојните предвремени избори на 12 април завршува утре на полноќ.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, вели дека и покрај состојбата со корона вирусот и мерките што се преземени, ДИК продолжува да работи, но истовремено ги почитува и мерките на Владата.

-Постапуваме по заклучоците на Владата. Едукацијата на избирачките органи е одложена, а ќе се постапи и по укажувањата да се замени медицинскиот персонал во ОИК и Избирачките одбори. Ние продолжуваме со работа. Како ќе се постапи понатаму зависи од одлуките на Владата и од она што ќе биде исход од утрешната средба на лидерите, рече Шабани.

До ДИК до денеска листи доставиле Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици и Глас за Македонија за пет изборни единици.

Најголемите политички партии во земјата веќе ги соопштија и ги презентираа носителите и кандидатските листи. ДИК, како што потенцира, Шабани утревечер до полноќ, како што е предвидено со Деловникот за работа за изборите на 12 април ќе ги прима листите од учесниците на изборите.

Вечерва на полноќ, пак, завршува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање на предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште