Три нови случаи на туларемија – еден во Чаир, два во Арачиново

Од:

Три нови случаи на лица заболени од туларемија се потврдени вчера со лабораториски наоди во Институтот за јавно здравје, соопшти деенска Министерството за здравство. Трите лица се од подрачјето на Скопје, од кои едно од општина Чаир, а две лица од општина Арачиново, и сите припаѓаат на возрасната група од 19 до 37 години.

– Лицата се во добра општа состојба и по извршените амбулантски прегледи се пуштени на домашно лекување. Кај трите лица утврдено е дека инфекцијата настанала пред неколку недели, стои во соопштението.

Инаку, досега регистрирани се вкупно 28 лица заболени од туларемија, меѓу кои во општина Арачиново – 9 случаи, општина Лозово – 12 случаи,  општина Чаир – 1 случај, општина Кисела Вода – 1 случај, општина Свети Николе – 2 случаи и во општина Куманово – 3 случаи.

Од Министерството за здравство и надлежните институции посочуваат дека редовно ја следат состојбата и се преземаат сите потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки и активности за превенција и сузбивање на ова заболување. Редовно се врши испитување на квалитетот на водата за пиење во загрозените подрачја и доколку е неисправна, се забранува за пиење и се даваат препораки на населението за превривање на водата. Континуирано се делат едукативни материјали со совети за превенција на населението. Извршена е дератизација во семејните куќи, дворови, училишта, општински згради во овие подрачја и во тек е спроведувањето мерки за чистење и санација на каптажите на водоснабдителните системи.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години