А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Три нови случаи на мали сипаници

by А1он20/10/2017 - 13:14541
Share0

Три нови случаи на мали сипаници се регистрирани во текот на изминатата недела (од 14 до 20 октомври) во Република Македонија, со што вкупниот број заболени, заклучно со денеска е 17. Ова се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Од вкупниот број на заболени, 10 лица живеат во населбата Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано во село Сопиште, населба Шуто Оризари и село Кондово. Едно од пријавените заболени деца е државјанин на Косово. Едно лице од новопријавените во последната недела е со место на живеење во Прилеп, на привремена работа во Скопје.

Од заболените, два случаи се на возраст под една година, кога не подлежат на задолжителна вакцинација против мали сипаници. Седум заболени се на возраст од една до четири години, а три се над 30-годишна возраст (едно лице од возрасната група од 30-39 години и две лица од 40-49 години). На возраст од пет до девет години има две лица и по едно лице припаѓа на возрасните групи од 10-14 години, 15-19 години, 20-29 години.

Симптомите на првиот пријавен случај од мали сипаници се јавиле на 15 септември. На 25 септември Центарот за јавно здравје Скопје пријави епидемија на мали сипаници на територијата на општина Гази Баба-Кванташка депонија.

Од 17 регистрирани случаи, 16 се лабораториски потврдени, а еден е клинички и епидемиолошки поврзан случај.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје биле хоспитализирани 13 лица од заболените, едно лице било хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Само кај два случаи биле регистрирани компликации во вид на пневмонија.

Сите случаи се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје – референтна лабораторија за мали сипаници и рубеола, според препораките на СЗО.

Од 25 септември до 13 октомври на територијата на Република Македонија биле вакцинирани 8.095 лице со МРП вакцина, од нив 2.552 со прва доза, а 5.450 со втора доза кај училишните деца. За овој период, откриени се 571 пропуштени лица за прва доза и 93 лице за втора доза и тие се вакцинирани. Од вкупно вакцинираните лица, 42,1 отсто се вакцинирани на територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје – Скопје, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

sipanici

Би можело да ве интересира

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Горан Наумовски20/05/2025 - 14:07

Во јуни 551 лице со овчи сипаници, памалку во однос на заболени во мај

Предраг Петровиќ13/07/2024 - 09:19

Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници

Ана Ололовска12/12/2019 - 14:54

ИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници

Ана Ололовска11/12/2019 - 11:13

Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце

Ана Ололовска11/11/2019 - 08:18

ИЈЗ: Невакцинирано дете заболено од мали сипаници, регистрирани 1.901 случај

Ана Ололовска05/11/2019 - 12:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен