Три милиони денари, наместо за рекламен материјал, АД ЕСМ ги донира во модуларните болници во Битола и Кичево

Од:

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) одлучи оваа година да не се подготвува и набавува новогодишен рекламен материјал, туку тие средства да се пренасочат во помош за Клиничката болница во Битола и Општата болницата во Кичево.

-Конкретно, во АД ЕСМ имавме предвидено 3 милиони денари за рекламен материјал на ниво на целата компанија и тие средства сега ќе бидат донирани за обезбедување централен довод на кислород во модуларните болници за ковид пациенти кои се градат во Битола и во Кичево. Во Битолската болница комплексот ќе биде поголем и таму се насочуваат 2.400.000 денари, а воКичевската болница потребата е 600 илјади денари, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски на потпишувањето на договорите за донација.

Како АД ЕСМ, како што рече, проценивме дека во моментов здравството е тоа каде е најнеопходно да се помогне и ја користам приликата да апелирам сите општествено одговорни компании да го направат истото, согласно можностите затоа што сите ние во одреден момент имаме потреба од медицинска нега. Особено сега, кога секој еден граѓанин е загрозен.

Директорката на Клиничката болница во Битола д-р Билјана Гагачовска нагласи дека помошта е добредојдена и претставува значаен поттик за сите државни и приватни компании за помош на здравството во овој период кој, како што рече, е тежок за сите. Гагачовска потенцираше дека Битолската болница ја има целосната поддршка од Владата, Министерството за здравство и од Општина Битола.

Директорот на Општата болница во Кичево д-р Станко Трпески изјави дека помошта доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што модуларната болница во Кичево веќе се поставува и дека ова е првпат да имаат централен довод на кислород во рамки на болницата.

Би можело да ве интересира

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Врв на криминалот во ЕСМ-Избрана е поскапата понуда на омилената фирма Марковски за ископ на јаглен во вкупен износ од 46 милиони евра