Три месеци нема инсулин, ленти и игли, Здравство се правда со промена на софтверот и најавува дека од вторник ќе бидат достапни

Од:

Дијабетичарите денес јавно побараа Министерството за здравство во најкус рок да ги реши проблемите за да можат да набавуваат инсулини, ленти, игли, апаратчиња за мерење шеќер во крвта и друга терапија за која велат дека им е недостапна три месеци. Барањето е од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

„Како пациентска организација и како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија, да се префрла од едни на други во здравствениот систем, а притоа во пракса нашите членови се приморани по неколку пати во месецот да се обратат во центарот за дијабатес, по неколку пати во месецот да отидат до аптеките за да проверат дали инсулинот го има и дали ќе може да се издаде, дали веќе во систем е ставена замената“, се пожалија од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Министерството за здравство веднаш по јавниот апел испрати соопштение во кое недостапноста на  терапијата за дијабетес ја оправдува со измени во софтверот. Од Министерството уверуваат дека проблемите се надминати и во вторник, кога ќе отворат инсулинските аптеки, инсулинските продукти ќе им бидат достапни на пациентите.

„Пациентите не се оставени без инсулин, во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите. Напоменуваме дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надминува и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Од таму нагласуваат дека од почетокот на пандемијата до денес Министерството за здравство се грижи во секое време терапијата за пациентите со дијабетес да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имало недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка.

„Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава“, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Повторно има недостиг на инсулин алармираат дијабетичарите

Меџити: Додека сум јас министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има

Орце Костов

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска