Три лица претепаа маж во неговата куќа во Скопје

Од:

Три лица синоќа нападнале маж во неговата куќа во Скопје, при што му нанеле повреди на телото, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера околу 22:30 часот во куќата на 37-годишниот Д.С. на улица „Радишани“ во Скопје. Три лица со возило „Опел Вектра“, од кои едниот бил идентификуван како Д.Т. од Петровец со дрвени стапови ја оштетиле вратата и прозорците, по што влегле внатре и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

Напаѓачите побегнале од местото, а Д.С. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Д.Т. бил приведен во полициската станица Кисела Вода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР