Три лица потешко повредени во сообраќајка кај охридско Ново Село

Од:

Три лица од Охрид се потешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново Село.

Поради сериозноста на повредите, двајца од повредените се испратени во Ургентниот центар во Скопје, додека третиот кај кого се констатирани скршеници на левата натколеца е задржан во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Според информации од полицијата, сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од 24-годишен охриѓанец, движејќи се во правец од Кичево кон Охрид, со цел да избегне директен судар со возило „Голф“ што на полна линија од спротивниот правец претекнувало две товарни возила, излегло надвор од коловозот на десната страна и повторно се вратило на коловозната лента. Притоа со предниот дел удрило во задните леви тркала од товарно моторно возило марка „Ивеко“ со албански национални ознаки, што се движело во правец од Охрид кон Кичево и се извртело на коловозот.

На местото на сообраќајна несреќа извршен е увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Охрид, овластен судски вештак како и полициски екипи.

За време на увидот што траел до 21 часот, сообраќајот бил пренасочуван по локалниот пат низ Ново Село.

По наредба на јавниот обвинител, врз патничкото моторно возило „Мерцедес“ ќе биде извршено дополнително вештачење и технички преглед.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски