Три лица обвинети за обид за тешка кражба

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело „тешка кражба“ во куќа на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје.

– На 27 декември, обвинетите по претходен договор, провалиле во куќа на улицата „Ферид Бајрам“ и се обиделе противправно да присвојат туѓи подвижни предмети. Додека еден од обвинетите останал во автомобилот да внимава да не наиде некој, другите двајца насилно влегле во куќата и започнале да претураат и да бараат вредни предмети. Во тој момент ги забележал случаен минувач кој повикал полиција. Тројцата обвинети се дале во бегство, но биле фатени и лишени од слобода од страна на припадници на полициската единица за прв одговор и интервенција „Алфа“, информираат од ОЈО.

Со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство доколку обвинетите бидат пуштени да се бранат од слобода, надлежниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за двајца од обвинетите и куќен притвор за третиот обвинет.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес