Три лица обвинети во Ресен за непочитување на полициски час

Од:

Обвинителството во Ресен поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица од Ресен за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите на 17 април 2020 година, вo 18:10 часот, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18 март 2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.100/2020. Тие, иако со одлуката се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот, до 21 април 2020 година (вторник) до 5:00 часот, биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш без притоа да поседуваат дозвола за движење, наведоа од ОЈО.

Јавниот обвинител на Основниот суд Ресен му предложил на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски