Три лица нападнале 24-годишен скопјанец

Од:

Дваесет и четиригодишниот А.Е. од Скопје вчера пријавил дека околу 18:30 часот на улица „Виетнамска“ бил физички нападнат од три непознати лица.

Тие насилно го внеле во патничко моторно возило „голф 1“ и го однеле кај гробиштата во Бутел каде повторно физички го малтретирале и му се заканувале по животот.

Му го одземале мобилниот телефон за да не може да контактира со никого. Причина за лишувањето од слобода било тоа што лицата мислеле дека А.Е. е сторител на кражба на моторцикл.

По превземени мерки, сторителите се откриени и утврдено е дека се работи за В.Ш.(38), Д.Ш.(25) и Д.Ш.(34), сите од Скопје. По целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип