Три илјади садници калифорниски орев од „Тика“ во дебарско

Од:

Турската агенција за координација и соработка „Тика“ денеска во Центар Жупа распредели 3.000 садници калифорнски орев.

Садниците ги подигнаа над шеесет граѓани од трите општини во овој регион, Центар Жупа, Дебар и Маврово и Ростуше, кои претходно се пријавиле на огласот како потенцијални одгледувачи на калифорнскиот орев.

Програмскиот координатор на агенцијата „Тика“ за Република Македонија, Ајтекин Ајден, кој со свои соработници престојуваше во Жупа, посочи дека вакви садници ќе бидат доделени и во повеќе општини во источниот дел на Македонија.

– Во рамки на добрата соработка и големото пријателство меѓу Република Турција и Република Македонија, агенцијата „Тика“ продолжува со своите активности за да се помогне во секој апсект. Денеска доделуваме три илјади садници и доколку тие добро ги одгледувате ветуваме и дополнителен број садници. Ви посакуваме богат род и голем бенефит, рече Ајден.

За донацијата се заблагодарија граѓаните и градоначалникот на општина Центар Жупа, Арјан Ибраим.

– Нашето пошироко подрачје располага со идеални услови за одгледување на калфорнискиот орев, чиј род е од 25 до 30 килограми по стебло. Почитувајте ги препораките за начинот на садење и одгледување, рече Ибраим.

Претходно, Ибраим и Ајден имаа средба во општината, која исто така е изградена со средства на „Тика“.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар