Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциска

Од:

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за спречување на корупцијата, откако ова тело остана со само двајца членови во март минатата година.

Не се постапува по барањата за пристап до информации од јавен карактер, не се следи промената на имотот на функционерите, не се отвораат нови предмети, иако јавноста беше сведок на големи афери во јавноста, особено околу конфликтот на интереси кај функционерите.

Од Антикорупциската комисија за „Макфакс“ сведочат дека откако комисијата остана без 5 члена и фактички постоеше само на хартија, пристигнале нови 3.000 анкетни листови и изјави за интереси. Анкетните листови се внесуваат во базата на податоци, но никој не проверува дали некој од актуелните функционери има несразмерно зголемување на имотот во однос на платата што ја заработува. Никој не постапува ниту изјавите за интереси, каде што секој функционер треба да пријави доколку има конфликт на интерес со вработен од некоја институција како на пример сопружник, син, ќерка или роднина.

Во последнава година, кога борбата против корупцијата беше ставена во заден план, јавноста беше сведок на повеќе корупциски афери за кои немавме институција која може да отвори предмет.

Во МЕПСО, на пример, беше вработен Дамјан Бучковски, син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владејачката партија СДСМ. Во МЕПСО беше вработена и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владејачката ДУИ. Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери и синот на архитектот Мирослав Грчев, соработник во Министерството за култура беа вработени во ЕЛЕМ.

Освен тоа, бројни се и членствата во управни и во надзорни одбори од страна на функционери од власта, за кои добиваат дополнителни примања, но и за тоа е надлежна да постапува антикорупциската комисија.

Скандалот со доделувањето на парите од Фондот на иновации како стипендиите за студирање во странство поминаа без мислење од антикорупциската комисија, а мислење од ДКСК беше потребно и во случајот „Фени“, поради обвинувањата за вмешаностна политичари и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ во стечајната постапка на компанијата.

Денеска во Собранието со поддршка и на ВМРО-ДПМНЕ е усвоена потребата од носење на законот за спречување на корупцијата и судир на интереси по скратена постапка. Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека носењето на законот е важан со цел на претседателските, а можеби и на парламентарните избори да има комисија која ќе ги следи финансирањата на кампањите.

Со новиот закон се менува начинот на избор на антикорупционерите, се зголемуваат нивните ингеренции, но и нивните плати, со што се очекува ова тело, кое досега како по правило функционираше само за пресметка со политичките неистомисленици, да почне независно да функционира.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори