Три градежни парцели се предмет на електронско јавно наддавање во Виница

Од:

Општина Виница го објави огласот за отуѓување на градежно неизградено земјиште во сопственост на РМ по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за две парцели за индивидуално домување и една парцела за колективно домување.

Индивидуалните парцели кои се лоцирани на ул. „Видое Смилески Бато“ се со површина од 335 м2 и 321 м2, а почетната цена е 61 денар по метар квадратен.

Вкупната почетна цена на јавното наддавање е околу 20.000 денари, а банкарската гаранција за сериозноста на понудата со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена од електронското јавно наддавње во рок нод 15 дена од приемот на писменото известување за избор и се движи до 60.000 денари.

Градежната парцела која е наменета за изградба на зграда за колективно домување е со површина од 3.859 м2 и е на улицата “Никола Карев“, а почетната цена за јавно наддавање е 800 денари по м2 или вкупно 3.087.200 денари, а банкарската гаранција за подносителот е 9.261.600 денари.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 12 јуни во електронска форма, а јавното наддавање е закажано за 14 јуни.

Би можело да ве интересира

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени