Три години од несреќата во Охрид: Благодарници за двете српски лекарки

Од:

Охрид утре одбележува три години од бродската несреќа, кога загинаа 15 бугарски туристи. На двете лекарки од Србија, кои летувајки во Охрид случајно се најдоа на местото на несреќатa општина Охрид им додели благодарници за храброста. Гордана Димитриќ од Нови Пазар и Жаклина Спасиќ од Параќин кои за прв пат после несреќата се во Охрид велат дека вечно ќе го паметат тој 5- ти септември.

„Бев на друг брод. Прво мислев дека се тоа некои кукли или пак пливачи, но потоа сфатив дека се тоа тела на луѓе. Дојдовме до самиот брод и почнавме да укажувавме помош каква што во тој момент можевме да им укажеме на луѓето и на настраданите. Потоа дојдоа екипите на брза помош и останатите лекарски тимови. Тоа за нас беше еден момент полн со случувања, луѓе и тела“, рече Гордана.

Колку луѓе спасила, Гордана не сакаше да каже, бидејки како што рече било неблагодарно да се зборува за тоа.

Жаклина Спасиќ вели дека секој спасен живот е најголемото признание во животот

„Како личност несреќата ми го промени животот и гледањето за него. Тоа и за нас беше една голема траума. Паника во тој момент дека имаше, имаше, но ние се обидувавме колку што можевме да ја смириме таа паника. Можеше да се случи уште поголема трагедија, но луѓето беа доста дисциплинирани на нашиот брод, сите помагаа, а паниката беше сведена на еден минимум што допринесе трагедијата да биде што помала. Можам да кажам дека е сосема друго кога ќе го облечам белиот мантил бидејки тогаш сум подготврна на се, а многу подруго е кога одите на одмор како турист и одеднаш се наоѓате во една таква ситуација“ рече Спасиќ.

Градоначалникот Александар Петрески им порача дека ти остануваат пријатели на Охрид и се секогаш добредојдени во градот.

„Затоа што ги ризикуваа својот живот и спасија неколку туристи,ние со овој гест им искажуваме благодарност за тоа, а исто така им покажуваме дека не ги заборавивиме и дека постојано ќе бидат со нас постојано“, рече Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on