Три физички напади пријавени во тетовската полиција

Од:

Тетовската полиција бележи пријави за три физички напади во текот на вчерашната вечер. Една од пријавите е за семејно насилство.

-Половина час по полноќ, 45-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека во нивниот дом бил физички нападнат од неговиот 25-годишен син. Претходно околу 20 часот Б.Н.(44) од Тетово пријавил дека 10-тина минути претходно додека бил на работа во автоперална на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, бил физички нападнат од Б.Х.(37) од тетовско Гајре, од негов роднина и од уште едно непознато лице. Во 23 часот и 45 минути, П.Џ.(30) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Тетово, бил физички нападнат од 4 лица, кои по случена сообраќајна незгода со него, излегле од возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и физички го нападнале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција сега работи на расчистување и документирање на трите случаи.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес