Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Од:

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи.

– Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение.

Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел, додава ЦУК, пожарот да се локализира и изгасне и да се заштитат жителите и нивниот имот.

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место