Три автомобили учествувале во сообраќајката на патот Прилеп – Градско

Од:

Три патнички автомобили учествувале во сообраќајката на магистралниот пат Прилеп-Градско утрово во 7.30 часот во близина на месноста Раечка Спирка, кога беа повредени две лица, информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Станува збир за „фолксваген голф” со регистерски ознаки од Пробиштип, „тојота” со регистерски ознаки од Неготино и „рено” со скопски регистерски ознаки, соопшти Стојковска.
Во несреќата се повредени две лица на возраст од 46 и 33 години, сопатници во патничките автомобили „тојота” и „рено” и биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

Во периодот од 7.30 до 9 часот сообраќајот на наведената делница беше целосно во прекин.

Увид на местото на настанот изврши уидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он