Трговските центри добија протокол за работа, задолженија има за фирмите, но и за купувачите

Од:

Забрането групирање во ходниците, информирање на купувачи преку разглас на секои 30 минути за да ги почитуваат мерките, задолжително носење  заштитни маски се само дел од правилата кои мора да ги почитуваат трговските центри и посетителите со нивното отворање. Владата со уредба предвидува и низа други протоколи кои мора да се почитуваат со олабавување на мерките.

„Скратено работно време, затворани во недела, регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, за да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците,  ќе се дозволи по едно лице на 5 м², ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот. Вработените задолжително да носат заштитни маски и ракавици, а купувачите, пак, само заштитни маски. Одржување физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5-2 м. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување  физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8-10 м² продажен простор  по еден купувач“, пишува во протоколот за работа.

Тој предвидува редари да има и на влезот од продавниците, а не само пред трговските центри, а пред да се влезе и да се пазари задолжително е и дезинфицирање на рацете. На сила стапува и забрана за пробување облека, односно производите треба да се понесат дома, по што ќе биде дозволено да се заменат.

„Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2 м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот, да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата, да се обезбеди растојание од 1,5-2 м помеѓу касите во редот. Пред касите да се обележи растојание при чекање од 1,5-2 м меѓу купувачите. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење  евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства“, пишува во останатиот дел од протоколот за пазарување во трговските центри.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски