Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Од:

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 отсто, а реално за 22.5 отсто, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 9.2 отсто, а реално за 5.2 отсто, во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20.4 отсто, а реално за 13.9 отсто и во Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 8.3 отсто, а номинално за 0.7 отсто.

Би можело да ве интересира

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски

Ќе има зголемување на цените на земјоделските производи

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Цените на становите пораснале за 25 отсто во четвртиот квартал

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски