Трета јавна анкета за ДУП Градска четврт Ј20 – Блок 04 во Општина Кисела Вода

Од:

Трета јавна презентација и анкета по предлог ДУП Градска четврт Ј20 – Блок 04, се одвиваше во просториите на Општина Кисела Вода. Границите на опфат на оваа градска четврт со површина од 35,40 ха се протегаат на:
– североисток : по собирните улици „Антон Попов“ и „Димо Хаџи Димов“;

– југоисток: границата започнува да се движи по сервисната улица „Мариовска“;

– југозапад: по сервисната улица „Милан Мијалковиќ“;

– северозапад: границата по сервисните улици „Пржино“ и „Наум Охридски“;

– север: границата се движи по сервисната улица „ Павел Шатев“.

„Најпрво пред претставници од институции и претпријатија, а потоа и пред граѓаните, жителите од овој дел на градот, планот беше стручно објаснет од страна на планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение. Беа изнесени конкретни прашања и забелешки, беше побарано и добиено стручно мислење околу извесни идеи, како и информација за досега прифатените сугестии од страна на Општина КиселаВода, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски. За одредени забелешки, пак, им беше дадено образложение зошто не се прифатени во сега понуденото предлог решение“, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

„Ваквата анкета се спроведува со цел Деталниот Урбанистички План да биде направен по мерка на граѓаните и да одговара на нивните реални потреби, а воедно да ги задоволува и сите законски предвидени критериуми. Токму затоа, и забелешките од денешната средба, заинтересираните можат да ги достават преку анкетни ливчиња кои се достапни во просториите на нивните урбани заедници, У.З.,,Црниче”, (ул.Наум Охридски бб), У.З.,,Пржино‘’ (Милан Мијалковиќ бб) и У.З.,,Бирарија’’ (Томе Арсовски бр.49/8), секој работен ден од 7-15 часот, се до 14 февруари.

Воедно, таму е изложен и предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј20 – Блок 04, но истиот е достапен и на веб страницата на Општина Кисела Вода“, велат од таму.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода