А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Трет обид Димитров да реферира за надворешната политика

by А1он30/07/2018 - 08:25149
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници имаат закажано комисиите за надворешна политика, за култура, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Седницата на оваа Комисија беше неколкупати одложувана.

Последното продолжение требаше да се одржи во четвртокот, но седницата беше одложена за понеделник. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски тогаш рече дека седницата ќе продолжи со работа кога пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат ќе ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Тој информираше дека пратениците со писмо ќе ги побараат овие материјали кои, според него, се наоѓаат кај генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

На дневен ред на оваа седница се и претставување на платформите за дипломатските активности на амбасадорите на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски, во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Александра Миовска и завршниот Извештај на Пајо Авировиќ, кој беше амбасадор во Израел.

Следете a1on на Youtube YouTube

Собраниската Комисија за култура ја продолжува Надзорната расправа на тема: Законот за управување со Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во второ читање, Информација за спроведувањето на препораки на Народниот правобранител и измени и дополнување на Законот за судска служба, во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

mnrsobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео