Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Од:

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Како што информира Министерството за здравство, во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи на Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи. На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, а на педијатриското одделение нема нови хоспитализации.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 87 прегледи во дежурната служба и 17 повици до Итната медицинска помош.

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби вчера се регистрирани 3 нови прегледи на пациенти од подрачјето на Гостивар, при што еден пациент е хоспитализиран.

– Во текот на вчерашниот ден продолжи континуираниот тренд на стабилизирање на состојбата. Во споредба со 20.7.2026 година, кога во Општата болница во Гостивар беа регистрирани 183 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 108 прегледи, односно намалување од 41 отсто. Истовремено, бројот на прегледи во Здравствениот дом е намален од 110 на 87 пациенти, односно за речиси 21 отсто, што дополнително ја потврдува позитивната насока на движење на бројките – вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Би можело да ве интересира

Надлежните предупредуваат: Водата во Гостивар не е безбедна за пиење и за употреба

Горан Наумовски

Цистерна со техничка вода за потребите на Гостиварската болница

По 30 дена притвор за тројцата осомничени за загадениот водовод во Гостивар

А1он

Владата прогласи кризна состојба во Гостивар

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за директорката и раководителите во „Комуналец“ Гостивар

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски